Валенсија полека бега од опасната зона, Ѓаволски предизвик за Тотенхем

1007 Евертон – Њукасл (20.45 часот)

Њукасл изминатиот викенд го понижи Тотенхем победувајќи го со 6:1 и сè е поблиску до освојување на една од првите четири позиции на табелата во Премиер лигата, кои носат пласман во Лигата на шампионите. Вечерашниот противник на Чавките, Евертон, пак се наоѓа во опасната зона и веќе пет натпревари не знае за победа. Њукасл во последните седум кола има шест победи и еден пораз. Во последните пет меѓусебни натпревари, Њукасл славел на четири, а Евертон само на еден меч.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.17)

 

1010 Тотенхем – Манчестер јун. (21.15 часот)

Тотенхем во најлошо време го дочекува Манчестер јунајтед откако во неделата доживеа неверојатен пораз од Њукасл. Црвените ѓаволи во неделата одмораа од премиерлигашки фудбал бидејќи играа во полуфиналето на ФА купот со Брајтон и славеа по подобро изведување на пенали.

Тотенхем со двата порази по ред, од Борнмут (2:3) и од Њукасл, направи два чекора наназад во трката за местата на табелата кои водат во ЛШ. Петлите се седми на табелата со 53 бода, додека Јунајтед е четврти со шест бода повеќе, но и два натпревари помалку. Традицијата покажува дека головите се редовни на натпреварите меѓу Јунајтед и Тотенхем, а последен пат кога биле постигнати помалку од два гола било пред четири години.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

1310 Атлетик Б. – Севиља (22.00 часот)

Севилја се разбуди во вистинско време и освен што избега од опасната зона во Ла Лига, обезбеди пласман и во полуфиналето од Лигата на Европа. Севиља на последните четири натпревари во Ла Лига, победи на три и сега има осум бода повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.

Во одлична форма се наоѓа и Атлетик Билбао, кој има четири победи и едно реми на последните пет натпревари. Во последните десет меѓусебни натпревари, најчесто резултатот бил 1:1 или 2:1 за една од екипите, иако знаат да остварат и минимална победа.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

3620 Фиорентина – Кремонезе (21.00 часот)

Фиорентина има предност од 2:0 од првиот полуфинален натпревар во Купот на Италија и вечерва се очекува пласманот во полуфиналето да го прослави со нова победа над Кремонезе. Победата е императив за Виолетовите бидејќи загубија во последните два натпревара, од Монца (3:2) во Серија А и од Лех (3:2) во Лигата на конференции. Претходно Фиорентина имаше неверојатна серија од 14 меча без пораз во сите конкуренции. Во последната деценија, овие две екипи меѓу себе одиграле четири натпревари, и на сите славела Фиорентина.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.11)

 

1307 Валенсија – Ваљадолид (19.30 часот)

Валенсија изминатата недела конечно ја прекина серијата од четири меча без победа и драстично ги зголеми шансите да обезбеди опстанок во Ла Лига. Лилјаците моменто се 18-ти на табелата со 30 освоени бода, додека првиот тим надвор од опасната зона, Хетафе, има бод повеќе и натпревар повеќе. Ваљадолид со победите над Вилјареал (2:1) и Жирона (1:0), скокна на 14-тото место на табелата. Последните два меѓусебни натпревари кои се играа на „Местаља“, завршија со триумф на Валенсија.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.25)

[do_widget id=custom_html-5

- Оглас -

Најнови вести