Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, денес го имаше првиот, официјален, тренинг со неговата нова екипа, Валенсија. Од шпанскиот клуб на социјалните мрежи се пофалија со нашиот голман и низ видео покажаа само дел од тренингот.
Столе Димитриевски по пет години го напушти Рајо Ваљекано и како слободен агент се пресели во Валенсија и потпиша договор на две сезони.