Реал Мадрид убедливо со 4:1 ја победи Валенсија во дербито на 20 коло во шпанското првенство, а гостите реагираа на судењето. Уште за време на мечот, односно на полувремето, на официјалниот твитер профил на Валенсија, се појави статус во знак на револт поради судењето.
„Грабежот во Мадрид повторно се случува“, стои во објавата на Валенсија, со додавање назнака на популарната шпанска серија “La Casa de Papel” во која се работи за голем грабеж.
Lo de los robos en Madrid empieza a ser algo repetitivo, @lacasadepapel #RealMadridValencia ⚪🦇
— Valencia CF (@valenciacf) January 8, 2022
Реал Мадрид поведе со 1:0 благодарение на пеналот досуден во 43 минута кога прецизен беше Карим Бензема. Токму пеналот беше причина за реакција на Валенсија. На објавата на Валенсија се надоврза и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, кој даде еден совет „Немојте многу гласно да зборувате за тоа, затоа што ќе бидете казнети“, напиша Пике.
Откако со голот од пенал беше скршен отпорот на Валенсија, Реал во второто полувреме заигра многу подобро и на крајот стигна до убедлив триумф од 4:1.