17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Валенсија слави, а Столе го нема

Екипата на Валенсија го совлада Торино со 3-0 во пријателски меч на „Месталја“, а на Лилјаците им беше доделен и пехар за победата на „Портокаловиот Трофеј“.

Фудбалерите на Валенсија направија и една заедничка фотографија после натпреварот, а на таа слика го нема Столе Димитриевски. Македонскиот голман воопшто не влезе на терен на синоќешниот меч, што е потврда дека тренерот Корберан го преферира новодојдениот Агирезабала.

Димитриевски беше на стадион, се појави на групната тимска фотографија, но со сериозен израз на лицето, исто како и уште неколкумина кои иднината не ја гледаат во Валенсија. Договорот на Столе со некогаш големата Валенсија е до следното лето.

- Оглас -

Најнови вести