Валенсија ја победи Селта Виго со 2-1 и ги залечи раните од дебаклот и поразот од Барселона со 7-1 претходното коло во Ла Лига. Луис Риоха ги донесе „лилјаците“ во водство од 1-0 во 44-тата минута, но Пабло Дуран израмни во 65-тата минута.
Херој на Валенсија беше Хави Гереро со голот во 68-мата минута. „Лилјаците“ остануваат на претпоследната позиција на табелата во Ла Лига со 19 бода, четири помалку од екипите кои се во сигурната зона, Еспањол, Леганес и Лас Палмас.
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и на овој натпревар не доби минутажа и остана на клупата за резервни фудбалери.