Валенсија загуби на гостувањето кај Овиедо

Овиедо ја победи Валенсија со 1-0 освојувајќи важни бодови кои го задржуваат тимот во борбата за опстанок во лигата.

Единствениот гол падна во 30-тата минута. По корнер, Фернандез од левата страна испрати прецизен центаршут по земја, а повратната топка стигна до Костас, кој ја смести под гредата за водство од 1-0. Столе Димитриевски во овој случај беше немоќен.

Валенсија ретко создаваше шанси и не успеа да се закани сериозно пред голот на домаќинот. Во второто полувреме се очекуваше реакција, но Овиедо и понатаму беше подобриот тим, трпеливо го чуваше водството и реализираше неколку контранапади.

- Оглас -

Најнови вести