Валјадолид и Алмерија се враќаат во прволигашкото фудбалско друштво. Вечерва тие обезбедија директен пласман во Примера дивизија, а извиси Еибар, кој вечерва загуби од Алкоркон и падна на трето место, па ќе треба да игра баражи, ако сака враќање во елитното друштво.
Освен Еибар, во баражите одат и Лас Палмас, Тенерифе и Жирона.