„Валјекас“ секогаш ќе биде негов дом, аплаузи за Столе на првото гостување кај Рајо (Видео)

Македонскиот голман Столе Димитриевски денеска имаше прво појавување на стадионот „Ваљекас“ во Мадрид по неговото заминување од Рајо Валјекано во Валенсија.

Столе е голманот со најмногу натпревари во историјата на Рајо Ваљекано (191), шест сезони го чуваше голот на овој тим, а денеска не брани протв нив, резерва му е на Мамардашвили.

„Многу сум среќен што се вратив во тука. Чудно е чувството, доста чудно да се вратам таму каде што ми беше домашен стадион шест години. Тоа е фудбалот, среќен сум каде што сум. Би сакал да играм повеќе, работам напорно, го правам тоа што е до мене за да бранам почесто“, изјави Димитриевски пред мечот.

Еве како го пречекаа поранешните соиграчи и навивачите на Рајо:

- Оглас -

Најнови вести