Тренерот на Пелистер Еурофарм, Ларс Валтер, вели дека Еурофарм Пелистер нема да се откаже од обидот да го изненади фаворитот од Германија, Фуксе Берлин, утре во Битола од 18.45 част.
Тоа е меч од четвртото коло во Лигата на Европа во ракомет и е дерби во Д групата меѓу лидерот од Берлин и Пелистер, кој по две кола има по една победа и пораз.
„Имаме многу проблеми во овој момент. Суси само што се оперираше, Руди чека на операција и дава 200% од себе. Чувствува болка, но уште игра. Хосни е надвор од тимот, Костески против Радовиш не настапи, Себастијан Хенеберг е пак со нас по една недела болест. Не знам колку од овие момци ќе играат утре.
Ни треба поддршка затоа што ќе биде тешко. Ќе дадеме што имаме и верувам дека со помошта на навивачите во Битола ќе бидеме достоен ривал.
Ќе биде многу тешко, Фуксе Берлин е број еден во Бундеслигата, брз тим се. Играа во неделата и можеби нема да бидат во полна сила. Два дена по нашиот натпревар имаат натпревар со Рајна-Некар Левен. Можеби тука е нашата шанса. Можеби 10% ќе бидат послаби, ќе бидат уморни, ќе мислат на следниот натпревар. Ние треба да го дадеме најдоброто од нас, да одиграме квалитетни 60 минути и ако го направиме тоа, можеби ќе извлечеме нешто. Во оваа сала и со навивачи какви што има Пелистер и Битола, сè е можно“, изјави Данецот на клупата на Еурофарм Пелистер.
Оптимист е и пивотот Жарко Пешевски, кој играше во Бундеслигата и одлично го познава квалитетот на утрешниот ривал.