Валверде е еден од јунаците на Реал, со отечена нога играше на „Енфилд“ (Фото)

Реал Мадрид се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, ги издржа нападите на Ливерпул, а еден од јунаците на Кралскиот клуб е Федерико Валверде, кој играше со повреда на глуждот на ногата. Покрај тоа, Валверде се жртвуваше со тоа што за првпат во кариерата играше на неприродна позиција за него, како десен бек, и тоа на ваков важен меч.

Да беше некој не толку важен дуел, веројатно Валверде ќе останеше во Мадрид, но тој инсистираше да игра и беше речиси беспрекорен. Неговата девојка Мина пред мечот, на социјалните мрежи објави фотографија од отечената нога на Валверде.

„Знам дека ќе ми се налутиш што ја објавувам фотографијата, но морав поради силата која ја покажа вечерва. Нека се знае дека никој ништо не ти подарил. Ти си наша гордост“, напиша девојката на Валверде.

- Оглас -

Најнови вести