Валверде ги предупреди играчите на Барселона

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде реши да им даде посебен совет на своите играчи пред утрешниот меч против Рајо Вајекано на „Камп Ноу“. Каталонскиот гигант е убедлив лидер во Примера дивисион и има седум бода пред второпласираниот Атлетико Мадрид, но никако не смее да се опушти, за да не се случи да има драматичен финиш во првенството.

Статистиката и традицијата е целосно на страна на Барселона, која победила во последните 12 средби против Рајо, а интересно е што во тие натпревари каталонците постигнале дури 50 погодоци.

„Не смее да има опуштање по победата на „Ел Класико“. Првиот чекор ни е да го победиме Рајо. Има некои мечеви на кои сите се фокусирани, а други средби на кои дел од играчите помалку се сконцентрирани. Во тие моменти може да се случи да загубиме на дуел на кој очекуваме лесна победа. Затоа против Рајо мора да бидеме целосно фокусирани. Трите бода против Рајо имаат исто значеше како трите бода против Реал. Следниот меч ќе биде и добар тест пред реванш средбата против Олимпик Лион во осминафиналето од Лигата на шампиони“, вели Валверде.

 

- Оглас -

Најнови вести