Валверде ќе го води Атлетик Билбао и во Лигата на шампионите

Атлетик Билбао го продолжи договорот со тренерот Ернесто Валверде. Новиот договор на 61-годишниот стратег е со времетраење од една година.

По одиграни 37 кола, баскискиот клуб го обезбеди четвртото место во Ла Лига со освоени 70 бодови, што значи директен пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Атлетик Билбао стигна и до полуфиналето на Лига Европа, каде што беше елиминиран од Манчестер јунајтед.

Валверде го води тимот од 2022 година, а ова му е трет мандат на „Сан Мамеш“, откако претходно беше на клупата од 2003 до 2005 и од 2013 до 2017 година. Тој е тренерот со најмногу натпревари во историјата на клубот – 451.

Со Атлетик, Валверде го освои Купаот на Кралот во минатата сезона и Суперкупот на Шпанија во 2015 година.

„Ова е голем предизвик. Чувствувам одговорност, пред тимот, пред луѓето кои работат овде. Лигата на шампионите е огромен сон, многу тешко натпреварување, но се надевам дека сите ќе уживаме во него“, изјави Валверде.

- Оглас -

Најнови вести