Валверде: Во Саудиска Арабија играме само поради пари

Барселона и Атлетико Мадрид ќе одлучуваат кој ќе биде противникот на Реал во финалето од шпанскиот Суперкуп. Второто полуфинале кое ќе се игра во Џеда е закажано за вечерва во 20 часот, а во пресрет на средбата тренерот Ернесто Валверде истакна дека преферира ова натпреварување да се игра по стариот формат, односно за трофејот да одлучуваат шампионот против освојувачот на шпанскиот Куп.

„Сите знаеме зошто играме во Саудиска Арабија. Само поради парите, ова натпреварување стана бизнис, а ние мора да се прилагодиме на промените кои ги прави федерацијата. Што се однесува до мене, преферирам да играме по стариот формат. Навикнати сме Суперкупот да биде прв трофеј за којшто се бориме во сезоната, како што беше досега. Игравме во август, а за трофејот се бореа шампионот против освојувачот на Купот. Сепак, мора да признаам дека и овој мини-турнир е доста интересен“, истакна Валверде.

Суперкупот од оваа сезона се игра според новиот формат, а во Саудиска Арабија ќе се одржува и во следните три години.

 

- Оглас -

Најнови вести