12.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Ван Бастен: Бриж беше ограбен против Барселона, требаше да биде признат голот за 4-3 (Видео)

Легендарниот холандски напаѓач и некогашен освојувач на Златната топка, Марко ван Бастен, изрази чудење што синоќа не му беше признат голот на Вермант во 92-рата минута со кој Клуб Бриж ќе поведеше со 4-3 против Барселона.

Ситуацијата погледнете ја ТУКА.

Средбата заврши 3-3, а Каталонците треба да бидат среќни што судијата Ентони Тејлор го поништи голот поради наводен фаул над голманот Шченсни.

„Клуб Бриж беше ограбен. Требаше да биде 4-3. Тој не направи фаул над Шченсни, не го ни допре. Шченсни направи да изгледа како да е фаулиран, но не беше“, искоментира Ван Бастен.

Снимки покажуваат дека можеби Шченсни е тој што прави фаул, но по лизгачкиот старт, голманот падна на земја и веројатно затоа голот беше поништен и фаворитот Барса освои барем бод.

- Оглас -

Најнови вести