9.8 C
Skopje
среда, 10 декември 2025

Ван Бастен со критики за Салах: „Има мозок како мајски бумбар“

Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен се стави во одбрана на својот сонародник Арне Слот и упати критики кон Мохамед Салах. Најдобриот фудбалер на Ливерпул е надвор од составот поради несогласување со тренерот на Црвените, па многумина во фудбалскиот свет заземаат страна во оваа „кавга“.

„Би рекол дека има мозок на мајски бумбар ако реагира така. Да, имаше одлична сезона, но оваа година не е толку добар. Во последните неколку месеци дури беше и баш лош. Тој го продолжи договорот и клубот му даде огромна плата. Човекот има 33 години, нормално е да има лоша сезона, а зар не е тренерот тој што треба да ја донесе одлуката?! Свесен сум дека би било тешко за секој тренер во ваква ситуација. Но, зборовите на Салах се ужасни — со нив тој како да сака да покаже дека е поголем од клубот. Малку е тажно. Секогаш сум го сметал Арне Слот за чесен и директен. Тој не се плаши од конфликти и на крајот на краиштата не кажа ништо неразумно. Салах, од друга страна, почна да го напаѓа и реагираше неадекватно“, вели Ван Бастен.

- Оглас -

Најнови вести