Ламине Јамал е најголемата ѕвезда на Барселона и фудбалер на кого се гледа како достоен наследник на Лионел Меси. Сепак, легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен има неколку совети за него, но и за стручниот штаб на Каталонците, а тоа најмногу се однесува на позицијата на која игра 17-годишниот фудбалер.
„Навистина е штета да игра на десното крило. Не добива доволно топки. Ако игра повеќе централни, ќе има уште поголемо влијание на играта. Секако, голема закана е по десната страна, но мислам ако игра во средината, може многу повеќе да направи. Мислам дека тоа е следниот чекор. Може да постигнува голови, да центрира, да повлече играчи пред голот. Тоа веќе го знаеме. Следниот чекор треба да биде: какво е неговото влијание на екипата? Толку добар фудбалер би требало повеќе да игра во средината. Ќе освои многу трофеи. Тој е феномен. Ќе има долга кариера и сигурно дека ќе ја освои Лигата на нациите многупати“, вели Ван Бастен во неговата анализа.