Ван Дајк има богати понуди од ПСЖ и Саудиска Арабија, но желба му е трансфер во МЛС-лигата

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, размислува да се пресели во клуб од МЛС во САД и Канада и покрај тоа што добил понуди од ПСЖ и Ал-Хилал, пишува новинарот Саша Таволиери.

Црвените се свесни дека ќе останат без еден од најдобрите премиерлигашки дефанзивци во последните години, а како негова замена го гледаат 25-годишниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, за кого би платиле околу 50 милиони евра.

Договорот на Ван Дајк истекува на крајот на јуни, па како слободен би можело сам да си избере клупска средина. Тој игра за Ливерпул од јануари 2018 година. Саудискиот Ал-Хилал му нуди годишна плата од 20 милиони евра, но ако веќе мора да ја напушти Европа, тој повеќе би сакал да замине преку Атлантикот и да заигра во САД или Канада, зејми кои заедно со Мексико во летото 2026 година се домаќини на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести