Англискиот премиерлигаш Ливерпул постигнал договор со својот капитен Вирџил ван Дајк за продолжување на неговата соработка со клубот. Договорот се очекува да биде официјализиран во наредните денови, а новиот ангажман на Ван Дајк ќе важи до јуни 2027 година.
Ливерпул истовремено работи на продолжување на договорите со уште две клучни фигури, Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд. Според медиумите, Салах е многу блиску до финализирање на новиот договор, додека преговорите со Александер-Арнолд допрва ќе се интензивираат.
Оваа стратегија на клубот има цел да го задржи квалитетното јадро на тимот, со оглед на тоа што сите тројца играчи се на истекот од договорите и од 1 јануари би можеле да започнат преговори со други клубови. Ливерпул не сака да дозволи вакво сценарио, особено со играчи кои се од клучно значење за тимот.