По една година отсуство од Лигата на шампиони, англискиот гигант Ливерпул повторно е дел од елитното натпреварување на УЕФА. Во дуел на клубовите кои заедно имаат 13 титули во Лигата на шампиони (Милан 7, Ливерпул 6), англискиот гигант ќе гостува на Милан на „Сан Сиро“.
Капитенот на Ливерпул Вирџил ван Дајк вели дека Ливерпул е клуб кој секоја година треба да е игра во Лигата на шампиони.
„Ни недостасуваа мечевите во ЛШ. Со нетрпение чекаме повторно да излеземе на теренот, да ја слушнеме химната на Лигата на шампиони. Клуб како што е Ливерпул секоја сезона треба да е дел од ова натпреварување. Секогаш е неверојатно кога се игра во елитното натпреварување“, вели Ван Дајк.