Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, по убедливиот домашен пораз од 0-3 против Аталанта, верува дека неговиот тим може да се најде во полуфиналето на Лигата на Европа.
„Многу, многу разочарувачка вечер. Секако дека боли. Немавме пораз дома долго време. Направивме премногу индивидуални грешки и бевме казнети поради тоа. Мораме да реагираме брзо. Начинот на враќање е со победа на натпреварот викендов и потоа да се фокусираме на постигнување на најмалку четири гола таму. Ако не веруваме во пласман во полуфиналето, нема смисла да одиме во Италија“, изјави Ван Дајк.
Пред овој пораз вечерва, Ливерпул на „Енфилд“ последен пат загуби пред малку повеќе од една година, и тоа од Реал Мадрид, исто така со три гола разлика, беше 5-2 за Шпанците.