Вирџил ван Дајк ги постигна двата гола за Ливерпул во победата од 2:1 против Брајтон, во 14. коло од Премиер лигата. За Ливерпул сега има 40 од можните 42 бодови во оваа фаза од првенството. Ливерпул беше голем фаворит пред мечот, а тоа се потврди по првите 25 минути. двата гола беа постигнати на ист начин. Тренд Александер-Арнолд нафрли, а Ван Дајк со глава погодуваше.
Делуваше дека до крајот на мечот нема да има возбудувања, но во 76 минута, црвен картон доби голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, а две минути подоцна примија и гол. За среќа на домашните фанови, Ливерпул се одбрани во последните неколку минути и стигна до трите бода.
Тотенхем игра како препороден под водство на Жозе Мурињо. Лондончани стигнаа до третата победа во третиот меч со португалскиот стратег на клупата, овојпат победувајќи го Борнмут со 3:2. Деле Али даде два гола, а Сон имаше две асистенции и тоа се играчите кои се најзаслужни за триумфот на домаќините.
Со оваа победа Тотенхем полека фаќа приклучок кон четвртопласираниот Челзи, кој загуби на свој терен во градскиот дуел против Вест хем со 0:1. Кристал Палас славеше на гости кај Барнли со 2:0.