Мохамед Салах по победата на Ливерпул над Брајтон се врати во татковината, каде ќе биде дел од подготовките на репрезентацијата, а потоа и од Африканското првенство. Тоа би значело дека тој го одигра последниот меч за „црвените“ оваа календарска година, но останува неизвесно дали ќе се врати во Ливерпул или ќе бара друга фудбалска средина по конфликтот со Арне Слот.
Сите се надеваме дека Салах ќе се врати и ќе биде со нас до крајот на сезоната. Му посакувам се најдобро на Африканското првенство и се надевам дека ќе се врати. Немам контрола врз тоа. Би сакал да биде блиску до мене, бидејќи е еден од нашите лидери. Ќе бидеме во контакт во текот на следните денови и недели, како што сме и сега, a потоа ќе видиме. Од друга страна, сите знаеме дека во фудбалот тешко е да се предвиди иднината. Се надевам дека Мо ќе остане, бидејќи тој е еден од лидерите и е многу важен за нас.“ – рече Ван Дајк.

