Холандскиот репрезентативец Дони Ван де Бек, во следната сезона најверојатно ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед. Ван де Бек кој со своите игри во 2019 година, го привлече вниманието на повеќе богати и големи клубови, не се појави на синоќешниот пријателски меч на Копјаниците против Ајнтрахт, затоа што клубот од Амстердам не сакаше да ризикува евентуално пропаѓање на договорен трансфер.
Ван де Бек кој има 23 години, лани беше многу блиску до премин во Реал Мадрид, а откако Роналд Куман неодамна стана тренер на Барселона, се зборуваше дека може да се пресели во Барса. Затоа изненадувачка е најавата на неколку извори дека Ван де Бек оди во Манчестер јунајтед.
Договорот со Ајакс му е до 2022 година, но веројатно тој веќе нема да го облече дресот на клубот. Шпекулациите се дека Јунајтед ќе му плати на Ајакс околу 40 милиони фунти, по што трансферот ќе може да се реализира.