Ван дер Сар: Комплиментите се супер, но сè уште не сме освоиле ништо

Ајакс ја сака титулата европски првак, а легендата на клубот и актуелен извршен директор на „копјаниците“, Едвин ван дер Сар вели дека им годат комплиментите, но целта е да се стаса до врвот.
Во прекрасно видео, спакувано во неколку минути, поранешниот голман на неколку познати европски клубови вели дека е среќен што Ајакс е една од најубавите фудбалски приказни сезонава, но и дека сè уште не освоиле ништо.

Денеска со дуелот во Лондон почнува полуфиналната приказна на Тотенхем и Ајакс, а тимот од Амстердам бие и битка за домашната титула со ПСВ Ајндховен.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=QfaZARiG7ZU

 

- Оглас -

Најнови вести