Ван Дер Сар уште е на интензивна нега во сплитската болница

Легендарниот холандски голман, Едвин Ван дер Сар, кој за време на летниот одмор во Хрватска претрпе крварење во мозокот, уште е на одделот за интензивна нега во болница во Сплит и таму ќе остане уште некое време.

Од клубот Ајакс каде до неодамна беше директор, а на барање на семејството и во име на сопругата Анемари, објавија дека состојбата на Ван дер Сар е стабилна, но загрижувачка.

- Оглас -

Најнови вести