Ван дер Варт со нова провокација: На фудбалерите на Барселона сон им е да заиграат за Реал Мадрид

Рафаел ван дер Варт имаше добра кариера која ја градеше играјќи за екипи како Ајакс, Хамбургер, Реал Мадрид, Бетис и Тотенхем, а пред неколку години се повлече од активното играње. Некогашниот холандски репрезентативец остана во фудбалот, и тоа како телевизиски коментатор и аналитичар, а често знае да има провокативни коментари.

Фактот дека две години играше за Реал Мадрид, јасно е дека Ван дер Варт во своето срце го носи Кралскиот клуб, а овојпат реши да ги испровоцира играчите од најголемиот ривал Барселона.

„Реал е клуб во кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е така, но сигурно сите играчи многу повеќе сакаат да играат во Реал Мадрид отколку да речеме во Барселона. секој фудбалер на светот го сака тоа. Дури и играчите на Барселона сакаат да играат во Реал Мадрид. Сигурен сум 100 отсто дека е така“, рече Ван дер Варт, кој во дресот на Реал Мадрид одигра 73 меча во кои имаше биланс од 12 голови и 13 асистенции.

За жал, на Ван дер Варт, кога тој играше во Реал, на теренот доминираше Барселона, па со Реал Мадрид нема освоено ниту еден важен трофеј. Потоа направи трансфер во Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести