Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луис ван Хал минатата седмица објави дека боледува од рак и дека тој се криел од играчите на оваа селекција за да оди на третмани за хемотерапија.
Откако ја соопшти оваа вест, предводникот на голем број европски великани минува низ неколку терапии со хемотерапија, а тие тие дале многу подобри резултати од претходно.
„Поминувам низ сето тоа и имав 25 третмани на зрачење, оттогаш поминаа пет или шест месеци, а дури сега се гледаат првите резултати. Третманите се успешни и ова е мала победа во војната со оваа болест“, изјави Ван Хал.