28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Ван Гал го победи ракот

Легендарниот холандски тренер Луи ван Гал објави нови детали околу неговата борба со ракот на простатата. Ван Гал реферираше дека успешно се справува со пеколната болест и дека веќе нема никакви симптоми. Тој се пофали дека повторно се чувствува силно и здраво.

„Пред две години неколку пати бев на операција и состојбата ми беше лоша. Физички бев слаб, но сега се добро се заврши. Веќе немам проблеми со ракот, но и понатаму одам на преглед на секои три месеци. На последното мерење, ПСА вредностите беа 0.0 и тоа е добар знак, а и болеста веќе не се шири. Сега сум во многу подобра форма. Имам 73 години, а дали ви изгледам лошо?“, рече ван Гал, кој имаше фантастична тренерска кариера.

Холандскиот тренер кој денеска работи како советник во Ајакс, бил на чело на многу европски гиганти како што се Ајакс, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, а беше на чело и на Аз Алкмар. Трипати беше и селектор на Холандија.

- Оглас -

Најнови вести