34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ван Хал со неговите спартански методи на работа ги натера фудбалерите да тренираат точно на пладне на 32 степени

Селекторот на Холандија, Луис ван Хал, е познат по цврстата рака и дисциплината, а тоа го демонстрира и по пристигнувањето во Катар, кога ги натера своите фудбалери да тренираат во неверојатни услови.

Имено, Ван Хал закажал тренинг кога е најжешко во Катар, точно на пладне по локално време. За време на тренингот, температурата изнесувала 32 целзиусови степени, а влажноста на воздухот била 50 проценти.

Иако Холандија првиот натпревар на Мундијаот во Катар против Сенегал ќе го игра в понеделник од 19 часот по локално време и во тој момент се очекува температурата да биде околу 26-27 степени, Ван Хал сакал неговите фудбалери што побрзо да се навикнат на високите температури во Катар.

Освен тоа, Ван Хал сака неговите играчи да ги научат локалните обичаи, па поради тоа репрезентацијата ќе има средба со волонтери на Светското првенство.
Холандија не настапи на претходното Светско првенство во Русија пред четири години, а во 2014 година, токму под палката на Ван Хал, Лалињата го освоија третото место.

- Оглас -

Најнови вести