Ван Гал откри зошто Пеп Гвардиола не може да ја освои Лигата на шампиони

Манчестер сити е тимот кој доминира во Премиер лигата. Граѓаните две години по ред се на тронот, а во пресрет на новата сезона, тие повторно се главни фаворити за тронот. Менаџерот Пеп Гвардиола одлично ја темпира формата на својот тим во текот на сите 10 месеци. Сепак, има една лоша работа, а тоа е шпанскиот стратег никако не успева да направи успех во Лигата на шампиони со Сити.

Гвардиола два пати бил првак на Европа како тренер на Барселона, но последен пат се радувал на титулата во ЛШ во 2011 година. Потоа три години беше преводник на Баерн Минхен, а сега уште три во Манчестер сити, но европската титула не му е ни блиску за освојување.

Прославениот тренер Луи ван Гал кој веќе три години е во пензија, даде свое мислење зошто Гвардиола не може да ја освои ЛШ.

„Фантастично е што Пеп со Сити втора година по ред е шампион на Англија. Ги освои сите трофеи во Англија, но во Лигата на шампионите не е на посакуваното ниво. Ниту со Сити, ниту со Баерн не успеа да биде првак на Европа. Тоа е поради тоа што премногу се грижи за својот тим и ја анализира сопствената игра, но не се фокусира на противникот. Секогаш мора да го почитувате противникот“, објасни Ван Гал.

 

- Оглас -

Најнови вести