Ван Хал повторно ќе експериментира со голманите и повика одбојкар за поголем процент на одбранети пенали

Луис ван Хал е познат по тоа што обожава да експериментира, а холандскиот селектор такво нешто ќе направи и во наредниве месеци, пред и за време на СП во Катар.

Тој за овие репрезентативни активности повика шестмина голмани коишто ќе бидат тренирани од поранешниот одбојкар Питер Марфи.

„Имам свои размислувања и сметам дека пеналите во наредните месеци, особено на СП во Катар ќе бидат од огромна важност и тие ќе бидат одлучувачки за тоа кој ќе го освои трофејот.

Сега имам четири голмани за претстојните натпревари, а во текот на овој ден ќе пристигнат уште двајца и ќе се пробуваат некои нови техники. Ова ќе почнат да го прават многу селекции, а јас сметам дека ние сме пионери“, изјави селекторот на Холандија.

Пред осум години на СП во Бразил, токму со таков сличен потег, кога голманот Јаспер Силесен беше заменет со Тим Крул во 120-тата минута ѝ донесе полуфинале на Холандија, а потоа и бронзен медал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести