Ван Гал удри по „ѓаволите“: „Во Јунајтед некој друг ги купува играчите, а после виновен е тренерот“

Критики за раководството на „црвените ѓаволи“ пристигнуваат од сите страни, откако екипата ја имаше најслабата сезона во историјата на Премиер лигата, а како капак на се, загуби и во финалето од Лигата на Европа. Легендарниот холандски тренер, Луј ван Гал, во периодот од 2014 до 2016 година беше предводник на Манчестер јунајтед, а за клубот вели дека е само бизнис, а не и фудбалски клуб.

„Го имам кажано и претходно. Секогаш е тешко кога менаџерот не одлучува кои играчи ќе бидат доведени, секогаш е тешко. Мислам дека така треба да функционираат работите, затоа што само тогаш можеш да го отпуштиш менаџерот кога нема резултати. Но кога други луѓе ги купуваат фудбалерите, тогаш имаш проблем, затоа што мора да ги имаш знаењата и визијата на менаџерот, бидејќи тој треба да ги тренира. Секогаш треба да биде така. Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, е човекот што му пренесува на техничкиот директор кој играч да се донесе – обрнете внимание на тоа.“ – вели Ван Гал.

- Оглас -

Најнови вести