Ван Гал за битката со канцерот: Најлошата работа е дека не можам да имам секс

Легендарниот холандски стратег Луј ван Гал зборуваше за својата борба со ракот на простатата, која трае последните 2,5 години.

Тој помина низ 25 зрачни терапии додека беше селектор на националниот тим на својата земја, а лекарите го оценуваат како успешно лекувањето на 72-годишниот поранешен тренер на Ајакс, Барселона, Баерн Минхен и на Манчестер Јунајтед.

„Всушност, сè оди добро. Но, веќе не можам да имам секс и тоа е најголемиот проблем. Ракот на простатата не убива толку брзо. Се разбира, има луѓе кои умираат од него, но повеќето заминуваат од друга болест. Кога ја слушнав дијагнозата, не бев исплашен, но сфатив дека мојот живот веќе не е толку пријатен“, искрен е Ван Гал.

- Оглас -

Најнови вести