Ван Нистелрој како џентлмен реши да си замине од ПСВ

Руд ван Нистелрој одлучи да си замине од клупата на ПСВ Ајндховен. Во холандското првенство има само уште едно коло до крајот, а Ван Нистелрој заедно со челниците на клубот имале разговори за плановите за новата сезона.

Главните луѓе во ПСВ не сакале да му ги исполнат барањата на Ван Нистелрој и токму затоа реши да си замине. Некогашниот голгетер дојде на чело на ПСВ оваа сезона и успеа во витрините на клубот да ги донесе трофеите од Купот и Суперкупот на Холандија.

Во последното коло, ПСВ игра против АЗ Алкмар, меч кој ќе биде клучен за тоа дали екипата од Ајндховен може да заврши на второто место на табелата, а со тоа и да се озбори за место во квалификациите за Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести