Ван Нистелрој: Ќе му помагам на клубот колку што е потребно

Навивачите на Манчестер јунајтед одамна не биле толку расположени како синоќа, кога тимот постигна пет гола против Лестер и се најде во четвртфиналето на Лига купот, каде што ќе се сретне со Тотенхем, и тоа во Лондон.

Вршителот на должност тренер на Јунајтед, Руд ван Нистелрој, рече дека секогаш е тука да му помогне на клубот.

„Морам да кажам дека имавме малку среќа. На натпреварите против Вест хем и Фенербахче создадовме многу шанси, но не можевме да ги реализираме. Мило ми е што публиката си оди дома среќна. Тука сум да му помогнам на Манчестер јунајтед и да дадам сè од себе за клубот во секакви капацитети. Во иднина, во кое било својство, јас сум тука да му помогнам на клубот да продолжи да ја гради својата иднина“, рече Холанѓанецот.

Се појавија информации дека Манчестер веќе се договорил со Рубен Аморим од Спортинг да стане нов менаџер. Има шпекулација дека Аморим ќе дојде веднаш и ќе го води тимот на дуелот со Челзи викендов, но сега се зборува дека Ван Нистелрој ќе го води тимот уште на три натпревари пред да биде назначен Португалецот.

Аморим ќе стане шестиот тренер на Јунајтед откако Сер Алекс Фергусон се пензионира во 2013 година. Со себе ќе донесе свој тим асистенти, па Ван Нистелрој ќе треба да си замине.

Инаку ждрепката сакаше четвртфиналните двојки да бидат: Тотенхем – Манчестер јунајтед, Арсенал – Кристал палас, Њукасл – Брентфорд и Саутхемптон – Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести