Ван Нистелрој само вечерва ќе го води Манчестер јунајтед, а потоа си заминува од клубот?

Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Лестер од Лига купот кој се игра вечерва на „Олд Трафорд“ ќе биде првиот, а веројатно и последен за Руд ван Нистелрој како привремен тренер на Црвените ѓаволи.

Холандската легенда ќе го води Јунајтед против Лисиците, а потоа се очекува да замине од клубот затоа што на кормилото треба да седне Рубен Аморим, кој според најавите, ќе дебитира викендов против Челзи.

Ван Нистелрој дојде во Манчестер како помошник на барање на менаџерот и сонародник Ерик тен Хаг, кој доби отказ, па и тој не се гледа себеси таму ако го нема Тен Хаг, покрај тоа и Аморим планира да си донесе свои луѓе од доверба како помошници во стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести