Ван Нистелрој се прости со триумф, прва премиерлигашка победа на Ипсвич после 22 години (Видео)

Манчестер јунајтед беше подобар од Лестер со 3-0 во последниот меч на Руд Ван Нистелрој како привремен тренер на Црвените ѓаволи, пред кормилото да го преземе Рубен Аморим.

Бруно Фернандеш даде два гола на својот 250-ти меч во дресот на Јунајтед, а точка стави Алехандро Гарначо.

Историска победа извојува Ипсвич, кој славеше во Лондон против Тотенхем од 2-1. За Ипсвич ова е прва премиерлигашка победа од април 2002 наваму. Чекањето од 22 и пол години го прекинаа Смодич и Делап кои беа стрелци на головите. За Тотенхем стрелец беше Бентанкур. Сега во Премиер лигата веќе нема екипи кои се без победа сезонава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести