Вратата за останување на Руд Ван Нистелрој во стручниот штаб на Манчестер јунајтед не е целосно затворена.
Новиот менаџер Рубен Аморим рече дека лично ќе разговара со Холанѓанецот, по што ќе се донесе одлуката. Навивачите сакаат Руд да остане и со Аморим. Под водство на Ван Нистелрој, Црвените ѓаволи имаа три победи и едно реми на четири меча.
„Руд Ван Нистелрој е легенда на Манчестер јунајтед. Тој заврши одлична работа. Дали ќе остане? Ќе разговарам со него и потоа ќе одлучиме. Ќе видиме“, вели Португалецот, кој ќе дебитира на клупата на Јунајтед по репрезентативната пауза против Ипсвич.
По вчерашната победа над Лестер, Руд рече дека ова не било негово збогување и дека уживал додека го водел тимот.