Ван Перси: Играчите на Јунајед заборавија на златното правило на Сер Алекс

Робин ван Перси, поранешниот англиски првак и Златна копачка во Премиер лигата, застана во редот на клупски легенди кои го критикуваа настапот на Манчестер јунајтед во поразот на гостувањето кај Башакшехир.

Некогашниот холандски голгетер се наврати на едно златно правило кое го спроведуваше Сер Алекс Фергусон, најуспешниот менаџер во историјата на Црвените ѓаволи.

„Не е проблемот што загубија, туку што не покажаа желба за надигрување повеќе од противникот. Во мое време постоеше едно златно правило на Сер Алекс, а тоа е дека не смееш да биде наттрчан. Во овој случај играчите на Башакшехир ја наттрчаа екипата на Солскјер, што е недозволиво. Тука не станува збор за индивидуален квалитет, туку мора да се покаже неизмерна волја за победа во сите 90 минути“, посочи Ван Перси.

Црвените ѓаволи во претстојниот викенд се наоѓаат пред нов тежок предизвик, гостуваат на „Гудисон парк“ против Евертон, а доколку не се издвои победа, Оле Гунар Солскјер наскоро може да биде сменет од кормилото.

- Оглас -

Најнови вести