Ван Перси првпат по седум години проговори за разделбата со Арсенал (видео)

Ексголгетерот на Арсенал Робин Ван Перси, првпат по седум години откако се раздели со Топчиите и заврши во редовите на Манчестер јунајтед, ги откри причините за прекин на „долгата врска“.

По осум минати години во Лондон, Ван Перси очекувал да добие понуда за нов договор од Арсенал, но тоа не се случило, по што решил да ја побара среќата во големиот ривал од „Олд трафорд“, каде ја освои титулата во Премиер лигата уште во првата сезона.

„Видете, тоа беше како да сум се разввел со сопругата. Како да ѝ здосадив по осум години, па ми го покажа излезот“, во кратки црти истакна Ван Перси, а целиот одговор можете да го слушнете во следното видео:

https://twitter.com/AdzCampbell91/status/1162681665526947841

- Оглас -

Најнови вести