Вања Милинковиќ-Савиќ постигна договор за четиригодишна соработка со Наполи, актуелниот шампион на Италија. Голманот веќе пристигна на југот на Апенинскиот Полуостров за да ги заврши медицинските прегледи пред официјално да го потпише договорот вреден 21 милион евра.
Торино ќе ја добие оваа сума како отштета, која Наполи ќе ја исплаќа во рок од четири години, а дополнителни бонуси се предвидени доколку Милинковиќ-Савиќ брани на најмалку 70% од натпреварите следната сезона.
Како дел од договорот, во Торино ќе пристигне и Сирил Нгонг на едногодишна позајмица, што ќе го засили напаѓачкиот потенцијал на Биковите за претстојната сезона.