Ванда Икарди уште еднаш успешно го привлече вниманието на нејзините фанови на социјалните мрежи со последната објава на „Инстаграм“. Вака изгледа карантинот во кој се наоѓа сопругата и агент на голгетерот Мауро Икарди.
Инаку семејството Икарди пред околу две недели го напушти Париз и привремено се пресели во вилата покрај езерото Комо во подрачјето Ломбарија, најпогодениот регион во Италија од пандемијата со корона-вирусот.