Ванда им организираше луда роденденска забава на Икарди, Ди Марија и Кавани (Видео)

Тројца јужноамерикански фудбалери кои настапуваат за ПСЖ имаа родендени во февруари, па сопругата на Мауро Икарди, Ванда, реши да им организира забава на само два дена по поразот во Лигата на шампионите. Според однесувањето на играчите, поразот од Борусија Дортмунд брзо е преболен.

Во центарот на вниманието беа славениците, но за журката да ги надмине границите на нормалното, се погрижија и обично мирниот голман Кејлор Навас, како и Нејмар, кој секоја вечер би одел на забави и испраксиран е до максимум. Кавани, Нејмар и Кејлор се соблекоа голи од половината нагоре и скокаа.

Потоа имаше три торти за славениците, а тука во главна улога беше Ди Марија со интересен танц.

Присутни беа речиси сите главни играчи на ПСЖ (го немаше само Верати), Мбапе изигруваше ди-џеј, Ванда имаше своја музичко-танчерска точка, а Кејлор Навас мислеше дека е Роки, па удираше боксови во онаа машина која ја мери силата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести