Ванда избра две можни дестинации за Икарди – Манчестер или Истанбул

Мауро Икарди дефинитивно нема иднина во ПСЖ. Новиот тренер Кристоф Галтие не планира да го користи Аргентинецот во претстојната сезона, слободен е да бара нов ангажман, а неговата сопруга и агент, Ванда Нара, веќе работи на случајот.

Обелоденети се две можни дестинации за ексголгетерот на Интер. Првата е попримамлива, станува збор за Манчестер јунајтед. На Ѓаволите им е потребен нов напаѓач бидејќи Кристијано Роналдо пристиска за трансфер, но прашање е колку Икарди ќе се снајде во тактиката на Ерик тен Хаг.

Галатасарај е алтернативата каде што би заиграл во нападот со Дрис Мертенс, а турската Суперлига би добила на квалитет, со оглед на тоа дека во новата сезона таму ќе играат и двајцата македонски репрезентативци, Енис Барди (Трабзонспор) и Езѓан Алиоски (Фенербахче).

Икарди запиша 92 настапи за Светците, во кои постигна 38 гола, што е солиден учинок ако се земе предвид дека главно беше користен како резерва од клупата.

- Оглас -

Најнови вести