Ванда ја откри целата „сапуница“: Мауро се закануваше со предвремена пензија ако се разведеме

Мауро Икарди и Ванда Нара изминатиов месец ги полнеа насловните страници на таблоидите откако фудбалерот наводно ја изневери својата сопруга со Чина Суарес.

Сепак, се чини дека е ставено крај на оваа сапуница откако Ванда одлучи да му прости на Мауро и на крајот да не се разведат.

Таа во едно гостување на аргентински подкаст раскажа голем број детали од тоа што се случувало.

„Мауро ми кажа дека ќе се пензионира од фудбалот доколку се разведеме. 

Ѝ се извинив на Суарес за моите објави бидејќи навистина се покажа дека тие немале ништо.

Мауро кажа дека имале само една официјална средба, но ништо повеќе од тоа и јас му верувам“, изјави Нара.

Сепак, ваквите постапки од играчот на ПСЖ нема да останат незабележани од раководството на тимот, кое нема да му понуди нов договор.

По сè изгледа и си го „запечати“ отсуството на СП во Катар во дресот на Аргентина, а го пропушти и претходното во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести