Ванда Нара повторно му е лута на фудбалерот Мауро Икарди, кој е нејзин сопруг, барем засега, откако пронајде електронска пошта како доказ дека Икарди во септември тајно се сретнал со Еугенија Чина Суарес. Икарди тврдеше дека со Суарес имал само виртуелен флерт преку СМС комуникација, но Ванда збесна откако откри дека Мауро лаже.
Во септември, кога Ванда била во Милано со нејзината сестра Заира, Икарди договорил средба во еден париски хотел со моделот и актерка Чина Суарес, која претходно му испраќала експлицитни снимки на кои таа мастурбира.
Икарди го деактивираше својот профил на „Инстаграм“, а Ванда синоќа на истата социјална мрежа објавуваше фотографии од забава во Милано.