Ванда Нара е бремена, а татко на детето не е Икарди туку аргентински музичар

Само неколку часа откако 22-годишниот аргентински музичар Л-Ганте потврди дека се забавува со Ванда Нара, аргентинските медиуми лансираа бомбастична вест, Ванда е бремена.

Новинарот Фернандо Пјаџо објави дека Ванда Нара наскоро ќе самата ќе потврди дека е бремена.
„“Дами и господа, Ванда Нара е бремена и ќе добие дете од Л-Ганте. Ви кажувам какви информации добивам“, објави Пјаџо.

По неколку размени на пораки, интригантни изјави и бројни средби кои кои покренаа сомнежи за можната романса, раперот Л-Ганте конечно потврди дека е во врска со Ванда Нара. Ова го тврди Пепе Очоа кој е дел од тимот што го снима шоуто на популарната водителка Мирта Легранд кое се емитува секоја сабота на аргентинската телевизија Кроника.

„Па, завршивме со снимањето на програмата на Хуана Виала и Мирта Легранд и ви препорачувам да не ја пропуштате програмата утре вечер бидејќи Л-Ганте ја потврдува врската со Ванда Нара“, започна Пепе.

Ванда Нара неодамна објави дека бракот со Мауро Икарди е готов, таа се врати во Аргентина, додека фудбалерот сезонава игра за Галатасарај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести