Изминативе неколку години една од најпопуларните жени во фудбалот беше Ванда Нара. Како жена на Мауро Икарди, таа ја вршеше функцијата на негов менаџер, а постојано беше во центарот на вниманието со нејзиното провокативно однесување и фотографии.
Романсата на Икарди и Нара заврши со развод, а со тоа заврши и кариерата на Ванда како фудбалски менаџер затоа што Мауро беше нејзин единствен клиент.
View this post on Instagram
Според медиумите од Аргентина, Ванда се враќа во родната Аргентина и ќе биде водителна на кулинарско ТВ шоу. Се работи за популарното Мастершеф, а се очекува Ванда брзо да се вклопи во новата работа затоа што таа има богато искуство како ТВ-водителка во Италија и Аргентина.