Ванда Нара често ја критикуваат за своите одлуки и потези, но таа ги одбива нападите и се претставува како силна и моќна жена која знае што сака во животот. Таа имала претчувство дека нејзиниот сопруг и клиент (таа му е агент) Мауро Икарди летово треба од Интер да си замине на позајмица во ПСЖ и тој потег се покажа како исправен.
„Ми велат дека сум ја уништила кариерата на Мауро и се лутам кога го слушам тоа. Моите одлуки колку и да не биле добри, на крајот се покажуваат како исправни. Сите веруваат дека јас сум со Мауро поради неговите пари. Но, јас бев богата и позната и пред да се запознаам со него. Бев богата бидејќи се борев за тоа“, вели Ванда, која има пет деца, од кои две со Икарди, а три со Макси Лопес, кого го остави за да биде со помладиот фудбалер.
Ванда за себе вели и дека е „светски патник“.
„Куферот секогаш ми е подготвен. Кога отидов во Париз, беше четврток. Викендот го минавме заедно, а во понеделникот се разбудив во Милано и си ги видов петте деца. Не е лесно“, додава најпознатата жена која работи во светот на фудбалот.