Ванда откри дека Маури Икарди бил претепан од соиграч во Интер и потоа бил обесен на закачалка

Ванда Нара откако објави дека стави крај на бракот со Мауро Икарди, започна да објавува пикантерии од нивниот приватен живот.

Аргентинката открива дека во минатото и се додворувал Пабло Освалдо во времето кога играше заедно со Икарди во Интер. Таа објави дека Освалдо дури и го претепал Икарди, а потоа го обесил на закачалка во соблекувалната на „нераѕурите“.

Пабло Освалдо играше само една сезона за Интер (2014/15), додека Икарди седум години помина на „Џузепе Меаца“ и тоа од 2013 до 2020 година, по што се пресели во ПСЖ, а сезонава игра на позајмица во Галатасарај.

Ванда Нара откако соопшти дека се раздели со Мауро, се врати во Аргентина е започна врска со раперот Л-Ганте.

- Оглас -

Најнови вести